Во следните седум дена во Прага ќе се оддржи фестивалот „Парада на гордоста“, преку кој со 120 различни акции се приближува животот на гејовите, лезбејките, бисексуалците и трансексуалците (ЛГБТ заедницата).
Четвртиот по ред фестивал ќе кулминира во сабота, кога на главниот плоштад, Вацлавске намјести, во центарот на градот ќе се оддржи „Парада на гордоста“.
Организаторите очекуваат барем минимален број посетители, како што беше и минатата година, кога на фестивалот учествуваа 60.000 луѓе.
Годинешното издание на фестивалот се фокусира на припадниците на ЛБГТ заедницата од истокот и другите земји, во кои хомосексуалците не можат да живеат слободно и се цел на напади.