Во последните 20 години 90% од катастрофите се од поплави, невреме и топлотни бранови

Од:

Во последните 20 години 90 отсто од природните катастрофи биле предизвикани од поплави, невреме и топлотни бранови, се наведува во најновиот извештај на ОН.

Во извештајот се вели дека таквите видови катастрофи се ’се почести.

Поплавите сочинуваат 47 отсто од таквите катастрофи, што погодиле 2,9 милијарди лица, од кои 95 отсто во Азија, пренесоа американските медиуми.

Истовремено, УНИЦЕФ објави дека речиси 690 милиони деца живеат во областите што најмногу се изложени на климатските промени.

Во светот има 2,3 милијарди деца, а речиси 530 милиони живеат во земјите кои често се погодени од поплави и тропски бури, повеќето во Азија.

Како што пренесуваат француските медиуми, 160 милиони деца растат во областите каде има големи суши, што главно е случај во Африка.

УНИЦЕФ предупреди дека децата „ќе го понесат најголемиот товар од климатските промени“ и дека бројот на мали деца кои се изложени на овие промени е алармантен.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство