Во Пакистан убиени 13 талибански екстремисти

Од:

Во напад на две американски беспилотни летала убиени се талибански командант, неговиот заменик и уште 11 екстремисти во Јужен и Северен Вазиристан, Пакистан.

Според пакистански безбедносни извори, загинале девет талибанци, меѓу кои и Маулви Назир, командант од племето Вазир, кога ракетите ја погодиле куќата во местото Ангор Ада. Во нападот загина и неговиот заменик Рата Кан.

Во американските напади на беспилотните летала последните години убиени се поголем број талибански лидери, меѓу кои и Бајатулах Мехсуд во 2009 година. Нападите со беспилотни летала драстично се зголемија откако Барак Обама стана претседател на САД.

Во 2007 година имало пет такви напади, а во 2010 година – 117.

Иако цел на нападите се екстремистите, често се случува да има и цивилни жртви.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран