Во Пакистан одржани први официјални преговори меѓу властите во Кабул и талибанците

Од:

Првите официјални мировни преговори меѓу авганистанските талибанци и Владата во Кабул, што вчера се одржаа во Пакистан, завршија со договор за нова средба по завршувањето на светиот месец Рамазан, соопшти денеска пакистанското Министерство за надворешни работи.

Средбата се одржала вчера во летувалиште крај пакистанската престолнина Исламабад и на неа присуствувале и набљудувачи од САД и Кина.

– Учесниците се договорија да ги продолжат разговорите со цел да се создаде атмосфера за мир и за процес на помирување, се наведува во соопштението.

За одржаните разговори уште вчера прв информира авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф средбата ја нарече „исчекор“ и додаде дека „почнатиот процес треба да успее“. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека претстои тежок пат, а меѓународната заедница треба да гарантира дека „никој нема да се обиде да му попречи на овој процес“.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест изјави дека САД ги поздравуваат почнатите преговори и ги нарече „важен чекор кон утврдување на перспективата за надежен мир“.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран