Во операција на Интерпол запленети над 27,5 тони дрога

Од:

Над 27,5 тони кокаин, хероин и канабис се конфискувани во периодот од 1. до 12. декември во Централна Америка и во Карипскиот регион во операција координирана од Интерпол.

Запленетиот кокаин е со пазарна вредност од 1,3 милијарди долари.

Во операцијата биле мобилизирани 39 држави, а упасени се 442 лица, конфискувани се 2,2 милиони долари, 100 парчиња оружје и 7,6 тони хемиски супстанци.

Околу 50 илегални лаборатории за дрога се откриени, а колумбиската воена морнарица конфискувала потопено превозно средство за транспорт на дрога. Во Еквадор конфискувани се два мали авиони, а во Перу се уништени над 20 писти за слетување на авионите на наркодилерите.

Би можело да ве интересира

Албански државјанин уапсен во Македонија, го барал Интерпол Париз

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски