Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Од:

Двајца кумановци синоќа се приведени откако при претрес кај нив се пронајдени марихуана, кокаин и семки од канабис и ќе им бидат поднесени пријави, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Куманово синоќа ги лишиле од слобода Ф.Т.(29) и М.С.(18) затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Подоцна, при претрес во домот на Ф.Т., извршен со судска наредба, бил пронајден кокаин и семки од канабис.

– Ф.Т. и М.С. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, наведува МВР во соопштение.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски