Во Норвешка најголем пад на бројот на венчавки од 1927 година

Од:

Во Норвешка во 2020 година бројот на венчавки се намали за 19 проценти во споредба со претходната година, што е најголем пад од 1927 година.

Норвешката агенција за статистика денеска соопшти дека поради пандемијата и рестриктивните мерки има опаѓање, така што во 2020 година биле направени 16.200 венчавки во земјата со 5,4 милиони жители.

Во 2019 година имаше 3.000 венчавки повеќе отколку во 2020 година, рече Ана Маргрет Томерас од Агенцијата за статистика.

– Бројките покажуваат дека мерките против коронавирусот воведени на 12 март принудија многу двојки да ги одложат венчавките. Дали бројот на венчавки ќе се зголеми оваа година ќе се знае набрзо, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло