Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Од:

Норвешката влада денеска соопшти дека ќе го зголеми бројот на регрути од сегашните 9.000 на 13.500.

„Мораме да имаме доволно луѓе со соодветно знаење во вистинско време. Ќе ни требаат повеќе луѓе со професионално воено знаење“, рече министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам.

Тој изјави дека ќе бидат инвестирани неколку стотици милиони долари во воениот објект во Тернингмоен, северно од Осло, каде ќе бидат примени сите нови регрути.

Се проценува дека бројката од 13.500 регрути ќе биде достигната во 2036 година.

Данска минатиот месец соопшти дека сака да го зголеми бројот на војници, со проширување на регрутирањето на жените и продолжување на воената служба од четири на 11 месеци.

Целта е да се зголеми бројот на регрути за 300, на 5.000, според АП.

Би можело да ве интересира

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина