Во Москва ја тестираат вакцината „Спутник“ кај деца од 12 до 17 години

Од:

Градските власти во Москва денеска соопштија дека почнало тестирање на вакцината „Спутник В“ против коронавирусот врз деца на возраст од 12 до 17 години.

Заменик-градоначалничката Анастасија Ракова рече дека биле ангажирани 100 доброволци, кои не биле заразени со вирусот и немаат здравствени проблеми што би ги спречиле да бидат вакцинирани.

Ракова рече дека децата ќе добијат помала доза од вакцината во споредба со возрасните.

Русија се соочува со зголемување на бројот на заразени лица, а прва доза вакцина промиле 23 милиони луѓе, што е малку повеќе од 15 проценти од популацијата. Минатиот месец, бројот на нови случаи на коронавирус беше двојно зголемен, од 9.000 на ден во почетокот на јуни на 24.000 оваа недела.

Според официјалните податоци, денеска се регистрирани повеќе од 24.000 нови случаи, а во последните 24 часа од Ковид-19 починале 654 лица.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски