Во морето пронајдени остатоци од исчезнатиот мјанмарски воен авион

Од:

Остатоци од мјанмарскиот воен авион со повеќе од сто патници и членови на екипажот, што денеска исчезна од радарите, се пронајдени во водите на Андаманското Море, соопштија попладнево претставници на Военото воздухопловство на Мјанмар.

Делови од авионот се лоцирани во морските води на околу 220 километри од градот Давеи.

Во тек е спасувачка операција во чии рамки бродови на Воената морнарица на Мјанмар го пребарува морето.

Анонимен извор од Воено воздухопловство потврди дека досега се пронајдени само делови од авионот.

Авион, во кој се наоѓале повече од 104 лица, исчезна денеска за време на лет меѓу јужниот мјанмарски град Мјеика и престолнината Јангон. Првобитно беше објавено дека во леталото се наоѓаат 116 луѓе.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар