ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Од:

Десетици луѓе загинаа во воени воздушни напади што ја погодија прославата во државата Качин во Мјанмар во неделата, објавија локалните медиуми и меѓународните организации.

Жртвите на нападот биле на концерт организиран од Армијата за независност на Качин по повод 62-годишнината од политичкото крило на Организацијата за независност на Качин.

Ројтерс и локалниот медиум Иравади објавија дека загинале најмалку 80 луѓе, пренесува Ал Џезира. Си-Ен-Ен не можеше независно да го потврди бројот на пријавени смртни случаи и побара коментар од војската.

„По масакрот, семејствата се мачеа да добијат вести за своите најблиски поради продолжениот прекин на интернетот. Ние сме загрижени и поради извештаите за блокиран медицински пристап за жртвите на масакрот“, се вели во соопштението на Сојузот Качин.

Мјанмар е зафатен од конфликт откако воената хунта ја презеде власта со државен удар минатиот февруари. Групите за човекови права и набљудувачите велат дека оттогаш слободите и правата во земјата се влошени – државните егзекуции се вратиле и бројот на документирани насилни напади врз училишта од страна на војската е зголемен.

Се појавија бројни вооружени бунтовнички групи, додека милиони други продолжуваат да се спротивставуваат на владеењето на хунтата преку штрајкови, бојкоти и други форми на граѓанска непослушност.

Владата во сенка на Мјанмар, Владата на национално единство, група соборени пратеници, противници на пучот и претставници на етничките малцински групи, во понеделникот го осудија нападот, велејќи дека војската „намерно извршила уште едно масовно убиство“.

„Нападот јасно ги прекршува меѓународните закони како што се одредбите од Женевската конвенција“, се вели во соопштението. Тие ја повикаа меѓународната заедница и Обединетите нации итно да преземат ефективни мерки.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар

Судот во Мјанмар повторно ја осуди Аунг Сан Су Чи на затвор, овој пат на три години за корупција

Горан Наумовски