Во Мјанмар запленети наркотици во вредност од 20 милиони долари

Од:

Морнарицата на Мјанмар минатата ноќ пресретнала брод во кој се превезувале наркотици и според полицијата запленила најголемо количество дрога во историјата на оваа држава.

Во бродот што пловел кон Тајланд пронајден се 2,4 милиони таблети „екстази’’, кои на наркопазарот чинат над 20 милиони долари. Полицијата ги уапси капетанот на бродот и 14 членови на екипажот.

Оваа пратка на наркотици доаѓа од илегалните фабрики што се наоѓаат на северот на Мјанмар, во подрачјето на така наречениот „златен триаголник’’ кое, по Авганистан, се смета за втор по големина реон во кој се произведуваат кокаин, хероин и синтетички дроги.

Пред неполни два месеца во Мјанмар беа запленети 1,3 тони опиум, 225 килограми хероин и 1,2 тони таблети амфетамин.

Новоформираната финансиска полиција на Мјанмар, како што е официјално соопштено, деновиве од властите во Велика Британија и во Јапонија побарала соработка за откривање на патиштата низ кои во тие две земји мјанмарската наркомафија ги пере парите заработени од продажбата на дрога.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар