Лидерите на земјите од Групата дваесет најголеми светски економии (Г-20) денеска се собраа во меѓународниот експоцентар во кинескиот град Хангџу, на 11-ата годишна средба за глобална економска соработка, пренесе ДПА.
Колоните автомобили, со кои лидерите пристигнаа во експоцентарот, минаа крај деца, кои ги виореја знамињата на државите учеснички.
Кина е домаќин на дводневниот самит на Г-20, што ќе се одвива под работниот наслов „Кон иновативна, засилена, взаемно обврзана и сеоопфатна светска економија“.