10-годишната Амери Гарза беше убиена само неколку часа откако добила пофалница за одличните оценки. Таа е една од жртвите во безумниот масакр во основно училите во Тексас.
10-year-old Amerie Jo Garza holds up a school certificate naming her to the honor roll at Robb Elementary School in Uvalde, Texas at 10 a.m. Tuesday. Hours later she would be killed at school. pic.twitter.com/qMO3JSKIFu
— Michael Pegram (@MichaelPNews) May 25, 2022
„Амери го прослави својот 10-ти роденден пред само две недели и беше застрелана додека се обидуваше да повика брза помош“ изјави нејзината баба додавајќи дека настраданото девојче било исклучително отворено и омилено меѓу наставниците.
„Ве молам, не земајте ни секунда здраво за готово. Прегрнете го вашето семејство. Кажете им дека ги сакате“, напиша нејзиниот очув на Фејсбук.
Во основно училиште во Тексас беа убиени 19 деца и двајца возрасни. Пукањето се случило вчера во 11:17 часот по Тексас (19:17 часот по средноевропско време) во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.