Во Мандалај, Мјанмар, воведен полициски час поради будистичко-муслимански тензии

Од:

По жестоките судири меѓу стотици припадници на будистичката и муслиманската заедница во градот Мандалај во Мјанмар, кој е втор по големина во поранешната Бурма, полицијата воведе полициски час, а денеска е значително засилен бројот на полицајците на улиците во градот. Според локалните власти состојбата е се уште тензична.

Немирите во Мандалај избија во вторникот по веста дека во продавница за чај двајца муслимани силувале жена од будистичката група, а веста брзо се рашири на социјалните мрежи по што стотици припадници на двете религии излегоа на улиците и започнаа пресметки кои полицијата ги спречи со употреба на гумени куршуми и водени топови. Во првиот ден од судирите беа повредени шест лица, меѓу кои и еден полицаец. Во средата суирите продолжија, а покрај повеќе лесно повредени имаше и две жртви, по еден од двете спротиставени страни.

Претседателот на Мјанмар Тхеин Сеин денеска упати апел за смирување на состојбите во Манадалај, потсетувајки дека Мјанмар е  татковина на луѓе одповеќе раси и  религии и дека толеранцијата е неопходна.

Меѓтоа, лидерот на опозиција Аунг Сан Су Ќи та ги обвини властите дека не презеле доволно мерки да ги спречат немирите и потсети дека во слична ситуација пред две гоодини во Мандалај имало најмалку 250 загинати.  За поттикнување на судирите таа ги обвини и радикалните будистички свештеници.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар