Малезиската полиција денеска уапси 42 странски работници, најмногу со потекло од Непал, кои од вчера протестираа поради лошите услови за работа во фабрика за електронска опрема која испорачува делови за познати компании, меѓу кои се Самсунг, Хитачи и Вестерн Дигитал.
Протестите почнаа од кога поради проблеми со дишење почина еден странски работник, кој, како и другите се жалеа дека во просторот на фабриката има појава на истекување на опасни хемикалии.
Над 1.000 работници, најмногу од нив од странство, по неуспешни преговори со газдите уништија дел од опремата на фабриката што се наоѓа на југот на Малезија, во близина на Сингапур.Тоа беше повод за полициска интервенција која веќе еосудена од страна на неколку држави од кои потекнуваат уапсените.
Во Малезија и неколку други држави во Југоисточна Азија работат над 4 милиони странци. Покрај платите кои се значително помали од примањата на локалните жители, за иста работа, странските работници се жалат и на условите за работа и сместувањето во кои се принудени да живеат.