Хакер, кој успеал да провбие сервери на САД и да предаде информација за американски војници на групата Исламска држава, е уапсен во Малезија, соопшти локалната полиција.
Осомничениот е 20-годишен студент од Косово, кој бил уапсен во Куала Лумпур. Тој ќе биде екстрадиран во САД, изјава началникот на малезиската полиција генерал Халид абу Бакар.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) дало информација на малезиските колеги за илегалната дејност на граѓанинот на Косово.
Полицијата во Малезија сношти уапселиот Ардит Феризи (21) неколку месеци хакирал компјутерски сервери и за потребите на ИД и обезбедувал лични и други информации за над 1.000 службеници на американските безбедносни сили.
Идризи дошол во Малезија во почетокот на минатата година и студирал информатика и форензика на приватен универзитет во Куала Лумпур. Тој имал директна комуникација со еден од раководните лица на ИД во Сирија, од кого добивал инструкции и кому му ги препраќал информациите што ги обезбедувал со хакирање на неколку сервери.
Феризи ќе биде испорачан на САД, каде ќе биде обвинет за шпијунирање и помагање во терористички акции.
Според американски извори, чии информации ги пренесуваат медиумите во југоситочна Азија, Феризи најверојатно е шеф на групата позната како Косовска група за хакерска поддршка. Тој во Малезија дошол со поддршка на локалните пропагатори и регрутни центри кои работат за интересите на Исламската Држава,
Иако во Малезија досега освен закани немало терористички акции на исламските радикали, во оваа доминантно муслиманска држава, до сега се уапсени над 100 лица осомничени за соработка со ИД.
Неофицијално, преку Куала Лумпур на боиштата во Ирак и Сирија до сега заминале над 1.500 лица. Дел од нив се вратиле, заканувајќи се дека и во овој дел на светот ќе се вејат знамиња на Исламски Калифати.