Во Малезија спречен напад на амбасадите на Саудиска Арабија и Катар

Од:

Малезиската полиција спречила терористички напад на амбасадите на Саудиска Арабија и Катар во Куала Лумпур, планирани за 31 март.

Двајца припадници на терористичка ќелија која припаѓала на кругот на поддржувачите на Исламската држава во Ирак и Сирија биле уапсени во еден мол во главниот град на Малезија минатиот четврток, а на специјалната полиција по испитувањето вчера им ги признала планираните бомбашки напди на амбасадите.

Полицијата соопшти дека се работи за двајца странски државјани, од кои едниот допатувал во Малезија на почетокот на март, а другиот подолго време престојувал во државата.Во локалните весници денеска се шпекулира дека терористите сакале да ги нападнат амбасадите на Саудиска Арабија и Катар поради најновите настани во Јемен. Има индикации дека тие биле пријавени од саудиската амбасада, каде што од еден дипломат побарале неколку илјади долари за да им ја гарантираат безбедноста на амбасадата.

Парламентот на Малезија деновиве, по итна постапка, треба да го донесе новиот закон за анти тероризам, со кој на полицијата ќе и се даде право подолго време да ги држи во притвор лицата што се осомничени за подготвување на терористички акции во Малезија, но и вон таа држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски