Мухамед Нур Палфа, 23-годишен вработен во компанија за компјутерски инсталации, денеска во судот во малезискиот град Кланг беше осуден на четити месеци затвор и глоба од околу 2.600 долари поради ширење неточни вести на неговиот Фејсбук профил.
Абу Палфа во август годинава напишал дека неколку тинејџери од неговиот град биле убиени по враќање од молитва.
Полицијата истиот ден ја открила лагата, а авторот на таа вест го пријавил во обинителството. Судењето предизвика голем интерес во малезиската јавност, а обвинителството најави дека ќе поднесе жалба со барање за повисока казна на несудениот новинар.