Во Либан запленета рекордна количина хашиш

Од:

Либанската полиција денеска соопшти дека запленила рекордни 25 тони хашиш во пристаништето во Бејрут, а дрогата била наменета за африканска земја.

Хашишот бил запленет во средината на март со помош на информации од полициската бригада за наркотици која го следела случајот веќе еден месец. Конвој со осум камиони кој влегувал во пристаништето во Бејрут бил запрен на време, соопшти полицијата.

Пронајдени се огромни количини хашиш, околу 25 тони, а дрогата била професионално скриена во вреќи со земја, додаде полицијата, проценувајќи дека ова е најголемата заплена во Либан досега.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан