Во Конго во моментов има епидемија на Ковид-19, чума и ебола

Од:

Конго бележи зголемување на случаите на чума, додека истовремено се бори против Ковид-19 и ебола.

Најмалку 65 случаи на чума се пријавени во земјата од јуни, вклучително и најмалку 10 смртни случаи во источната провинција Итури.

Иако чумата е ендемска во провинцијата Итури, бројот на случаи се зголемува и веќе го надмина вкупниот број од 2019 година, кога имаше 48 случаи и осум смртни случаи, според Светската здравствена организација.

Се смета дека новата епидемија на чума започна во јуни кога 12-годишно девојче почина со симптоми поврзани со чума – главоболки, кашлање, зголемени лимфни јазли и треска. Неколку смртни случаи подоцна беа пријавени во областа со симптоми на чума.

Чумата е претежно ендемска во Конго, Перу и Мадагаскар, кои во 2017 година забележале повеќе од 2.300 случаи и 202 смртни случаи, според СЗО.

Би можело да ве интересира

Маж во САД почина од чума

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска