Во Кина обвинет еден од највисоките ракодовители на „Гласко Смит Клајн“

Од:

Кинеските власти по десетмесечната истрага на работењето на кинескиот огранок на британскиот фармацевтски гигант „Гласко Смит Клајн“ обвинија еден од највисоките раководители на таа компанија, Марк Рајли дека на вработените им наредувал да даваат мито.

Полицијата во градот Чангш во централна Кина соопшти дека Рајли, поранешен директор на „Гласко Смит Клајн“ во оваа земја, вршел притисок врз својот тим за продажба да ги подмитува болниците, лекарите и здравствените институции, со што компанијата остварила нелегални приходи во висина од повеќе милијарди долари.

Според полицијата вработените во „Гласко Смит Клајн“ им нуделе мито и на државни функционери и лекари, при што лекарите наводно земале провизија од седум до десет отсто од вредноста на лековите на компанијата, кои им ги препишувале на пациентите.

Вработени во „Гласко Смит Клајн“ исто така се осомничени дека примале мито од туристички агенции за организација на конференции, од кои некои никогаш не се одржале.

Рајли и уште двајца раководители на „Гласко Смит Клајн“, Џанг Гуовеј и Џао Хонгјан, исто така се обвинети дека подмитувале претставници на кинеската Влада во Пекинг и Шангај.

Полицијата во градот Чангш случајот му го предаде на државното обвинителство.

Кинеските власти во јуни минатата година приведоа четворица ракводители на „Гласко Смит Клајн“ под обвинение дека вработените на таа компанија потрошиле речиси 500 милиони долари на мито, за да ја зголемат продажбата компанијата.

Рајли, државјанин на велика Британија, ја напушти Кина само неколку дена по апсењето на четворицата раководители и соопштението дека е покрената истрага во врска со работењето на компанијата. Сепак подоцна се врати во Кина за да помогне во истрагата, а сега му е забрането да ја напушти земјата.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он