Во Канада најмногу се почитуваат ЛГБТИ правата, земјава на 83. место

Од:

Канада, Португалија и Шведска се земјите каде најмногу се почитуваат геј правата, заклучи берлинскиот „Спартакус Интернешнл Геј Гајд (Spartacus International Gay Guide), организација која пружа совети на ЛГБТИ туристи откако анализираше 197 земји во светот. Според овој индекс, нашата држава се наоѓа на 83. место.

Канада, Португалија и Шведска имаат по 10 бода, а Северна Македонија има -1. Според анализата на организацијата за антидискриминирачката легислатива имаме 0 бодови, брак/цивилно партнерство (0), дозволено посвојување (0), трансродови права (1), еднаква возраст на согласност (1), влијание на религијата (-1), рестрикции за патување на ХИВ лица (0), антигеј закони (-1), забранета хомосексуалност (0), забранета Парада на гордоста (0), непријателски настроено локално население (-1), обвиненија (0), убиства (0), смртни пресуди (0).

Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија – на 28. место со шест бода, Босна и Херцеговина и Хрватска на 47. место со два бода, Грција на 57. со еден бод, Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора и Србија на 68. со нула бодови, земјава на 83. со минус еден бод, и Турција на 110. место, со минус четири бода.

 

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он

Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

А1он

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег