Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

Од:

Жител од Демир Капија преку интернет ширел коментари полни со омраза, кои би можеле да ја загрозат безбедноста кон припадниците на ЛГБТИ заедницата. Поради тоа, бил пријавен, а ОЈО Кавадарци реагирале по пријавата.

„По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.

Делото било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

Би можело да ве интересира

Изречена казна затвор од една година за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривични за Mакедонци кои изнеле непроценливо културно богатство – глумеле Индијана Џонс, користеле стари мапи, прикаски за археолошки локалитети

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинение против гинекологот кој сакаше да прегази полицаец, државата бара да се казни со пет години затвор

„Да ви се мочам во северната, пи*да ви материна“ – поради навреди на „Фејсбук“, Државниот архив пријави лице до МВР за говор на омраза

Ана Ололовска

Обвинение за млад тетовец кој за пари сакаше да убие познаник