Во Јордан уапсен новинар кој објави дека функционерите се вакцинирале против Ковид-19, пред вакцините да пристигнат во земјата

Од:

Во Јордан е уапсен новинарот Џамал Хадад поради објавен текст во кој тврди дека вакцината против Ковид-19 пристигнале во Кралството и оти претставниците на власта ги примиле своите дози.

Хадад, кој е уредник на порталот Ал Вакаи објави дека владините претставници се вакцинирани против новиот коронавирус. Тој е обвинет за „загрозување на јавната безбедност и предизвикување немири и немири“. Него му е одреден 15-дневен притвор додека чека судење.

Хадад на 22 декември објави текст „А, луѓето? Дали Фајзер (вакцината) пристигна тајно и дали се вакцинирани високите функционери во јорданската Влада“?

Јорданските власти во средината на декември одобрија употреба на вакцината на Фајзер и БиоНтек, а вакцината треба да пристигне кон крајот на јануари или почетокот на февруари 2021 година.

Хадад вчера од притвор е префрлен во болница поради висок крвен притисок и болки во градите.

Јорданскиот Синдикат на новинарите побара ослободување на Хадад, истакнувајќи оти неговото апсење му штети на имиџот на Јордан.

– Судот за државна безбедност не може да суди за прашања поврзани со слободата на изразување, се наведува во соопштението на Синдикатот на новинари и се бара случајот Хадад да биде разгледан од Граѓански суд.

Во Јордан официјално регистрирани се повеќе од 285.000 случаи на Ковид-19 и над 3.700 смртни случаи. Јорданскиот министерот за здравство Назир Обејдат минатиот месец изјави дека дека вакцините ќе бидат бесплатни за Јорданците и за странците.

Би можело да ве интересира

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

Јордан: Никој во регионот не верува во израелската приказна за експлозијата во болницата