Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Од:

Сириската државна новинска агенција објави за неколку воздушни напади извршени од Израел врз Дамаск, каде што загинаа сириската телевизиска новинарка Сафа Ахмед и уште двајца цивили.

Според агенцијата САНА, сириската противвоздушна одбрана се спротивставила на израелските воздушни напади во кои загинаа три цивили, а беа ранети девет лица, како и декаа е причинета значителна материјална штета.

Нападот се случи откако Израел објави почеток на копнена операција во Либан, која вклучуваше дополнително бомбардирање на главниот град Бејрут и на палестинскиот бегалски камп Ајн ел Хилве.

„Израелскиот непријател изврши воздушен напад со воени авиони кои летаа од правец на окупираниот сириски Голан, гаѓајќи повеќе локации во градот Дамаск“, велат информациите од воен извор за агенцијата САНА.

Сириската противвоздушна одбрана одговори со проектили и беспилотни летала, кои соборија ги „повеќето“ од ракетите, но не можеа да ја спречат смртта на тројца цивили.

Меѓу загинатите во еден од тие напади, што се случи во близина на Генералната корпорација за телекомуникации, е и познатата новинарка на сириската телевизија, односно државниот канал, Сафаа Ахмед, според извештаите на нејзините колеги.

Нападот се уште не е потврден од ниту еден официјален извор од Израел или од одбранбените сили.

Израелската војска започна „ограничена, локализирана и специфична“ копнена операција во јужен Либан во раните утрински часови во вторникот, потврди претходно во соопштение израелската војска (ИДФ).

„Пред неколку часа, израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа ограничени, локализирани и селективни копнени упади, врз основа на точни информации, против цели на Хезболах и терористичка инфраструктура во јужен Либан“, објавија тие во соопштението.

Станува збор за долгоочекувана акција која се спроведува, без дополнителни детали, „во селата во близина на границата“, кои според израелските сили „претставуваат непосредна закана за израелските заедници на северот на Израел“.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира