Во Италија уапсени 38 криумчари на мигранти

Од:

Италијанската полиција разби мрежа за криумчарење мигранти, при што се уапсени 38 лица во десетина градови во Италија.

Меѓу приведените 25 се државјани на Еритреја, 12 на Етиопија и еден Италијанец. Се проценува дека преку криумчарската мрежа биле илегално префрлени илјада луѓе во Европа.

Во Рим е откриен центарот за финансиски операции на групата, од каде се конфискувани 526.000 евра и 25.000 долари, како и список со мигранти.

Апсењето уследи по голема истрага на Обвинителството од Палермо по добиени информации од поранешен криумчар на мигранти, кој почнал да соработува со полицијата откако бил уапсен во 2014 година. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ