Во Италија уапсен е член на познатата сицилијанска мафија

Од:

Италијанската полиција уапси 91 осомничен припадник на сицилијанската мафијашка организација Коза ностра за време на истрагата за перење пари и изнуда.

Целта на акцијата е да се спречи криминалната организација да ги искористи економските непогоди предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Стотици членови на Финансиската гарда на Италија, што е одговорна за финансиски криминал, излегоа на улиците на Палермо, наводното упориште на криминалната организација, како и во неколку региони во северна Италија.

Истражителите тврдат дека осомничените биле вклучени во перење пари и изнуда, дека заработиле приходи преку трговија со дрога и дека планирале да ги користат незаконски добиените пари за да купат компании кои се соочуваат со проблеми заради пандемијата.

Би можело да ве интересира

Во Италија уапсени припадници на неонацистичка „Дивизија Верволф“

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ