Во Хавана воведен полициски час поради Ковид-19

Од:

Поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот, во кубанскиот главен град Хавана е воведен полициски час, а на граѓаните им е забрането да патуваат во други делови на земјата, информира гувернерот на Хавана, Реиналдо Гарсија Запата.

Полицискиот час почнува на 1 септември од 19 до 17 часот и ќе трае најмалку 15 дена, рече Запата и најави дека казните за сите што не носат маски или консумираат алкохол на јавни места ќе бидат построги.

Иако државата прогласи победа над вирусот, Хавана се соочува со големи проблеми во вториот бран на епидемијата.

Според универзитетот Џонс Хопкинс, во 11 милионската Куба до сега има 3.806 заразени со Ковид-19 и 92 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД