Во Хаг е отворен народен трибунал кој ќе истражува убиства на новинари ширум светот

Од:

Група организации за заштита на слободата на медиумите денеска во Хаг го отворија таканаречениот „народен трибунал“ кој ќе се занимава со убиства на новинари ширум светот.

Трибуналот нема статус на суд, односно овластување да ги казнува сторителите, но ќе презентира докази во јавноста со цел да се прошири свеста за нападите врз новинарите, чии сторители често поминуваат неказнети.

Се очекува Трибуналот во мај следната година да ја објави првата проценка за бројот на напади врз новинари ширум светот.

Првото рочиште се одржа на Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите.

Пред трибуналот се појави филипинската новинарка Марија Реса, една од двајцата добитници на овогодишната Нобелова награда за мир. Таа предупреди на ситуацијата на социјалните мрежи, каде што рапидно расте бројот на пораки на омраза што се користат за замолчување на критичките гласови.

Би можело да ве интересира

Кој е човекот кој сака да го уапси Путин – го следи обезбедување, но тој вели дека не се плаши

Горан Наумовски

Обвинителот кој издаде налог за апсење на Путин: Депортацијата на децата беше нехуманo

(ВИДЕО) Новинарите со марш од Влада до Собрание: Стоп за понижувањата од политичарите

Горан Наумовски

Новинарите и медиумски работници маршираат за своите права

Орце Костов

Нордиските синдикати ја напуштаат Меѓународната федерација на новинари

А1он

Фински новинари прогласени за виновни за оддавање државни тајни

Горан Наумовски