Во Франција откриена мрежа на фалсификатори на документи од ЕУ

Од:

Француската полиција, во соработка со Европол, откри голема криминална мрежа која фалсификувала документи на неколку земји членки на Европската унија, и ги дистрибуирала меѓу илегалните мигранти низ цела Европа, заедно со украдени и изгубени документи.

Во Париз се откриени две печатници, а при рацијата во четири куќи уапсени се три лица осомничени за фалсификување документи, се вели во соопштението на Европол.

Во изминатите два дена, француските гранични полицајци извршиле рација во четири куќи и уапсиле три лица осомничени за фалсификување документи.

За време на рацијата, одземена е и опрема за правење лажни документи, како и 16 фалсификувани лични карти на Белгија, Шпанија и Италија, фотографии за документи од клиенти и фалсификувани документи на обвинетите.

Криминалната група, која ја сочинуваат луѓе од Алжир кои живеат во Париз и Марсеј, била активна од минатата година.

Би можело да ве интересира

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот