Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Од:

Француските левичарски опозициски партии најавија дека заеднички ќе номинираат кандидати на предвремените парламентарни избори подоцна овој месец за да се спротивстават на владата на претседателот Емануел Макрон и екстремно десничарското движење на Марин Ле Пен.

Како што објави Ројтерс, социјалистите, зелените, комунистите и екстремно левичарската партија ЛФИ („Неосвоена Франција“) повикаа во заедничка изјава за „алтернатива на Макрон и борба против расистичкиот проект на екстремната десница“.

Партиите најавија дека во првиот круг од изборите на 30 јуни ќе поддржат заеднички кандидат во секоја изборна единица.

Партиите на левицата соработуваа и претходно, но во последните две години имаше разидување на ставовите, вклучително и различни ставови за војните во Украина и Газа.

По тешкиот пораз на неговата партија на изборите за Европскиот парламент во неделата, Макрон најави предвремени избори и го распушти Националното собрание.

Првите анкети за парламентарните избори покажуваат предност за партијата Национален митинг на Марин Ле Пен.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски

Радаковиќ: Евидентирани нерегуларности на неколку избирачки места на северот на Косово

Огромен интерес кај Србите за гласање, гужви на избирачките места

Почнаа изборите во Косово, српската заедница бара да се врати во институциите

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз