Почнувајќи од денеска па се до 25-ти мај во Естонија се оддржуваат годишни воени вежби на кои учествуват 4.500 војници од неколку земји-членки на НАТО, соопшти денеска генералната команда на естонските сили за одбрана.
Годинава во „Пролетната бура“ ќе учествуваат регрути, резервести и професионална војска на Естонија и на нашите сојузници од НАТО, со заедничка цел да се научи како подобро да се брани земјата, изјави главниот командант на овие вежби, полковник Артур Тиганик.
Вежбите „Пролетна бура“ се одржуваат секоја година во различни делови на Естонија од 2003 година.