Во експлозија уништена куќата во која живееше Пабло Ескобар

Од:

Шесткатната зграда во градот Меделин, каде некогаш живееше колумбиски нарко бос Пабло Ескобар е разнесена во експлозија во обид на властите да се борат против неговата заоставштина. На тоа место ќе биде изграден парк, во знак на сеќавање на жртвите на криумчарите на дрога.

Зградата Монако, лоцирана во богата населба во вториот по големина град во Колумбија, беше уништена вчера, во спектакуларна експлозија што создаде огромен облак од црвена прашина.

Таа беше еден од неколкуте домови на Ескобар, одговорн за околу 6.000 убиства.

Нарко босот, кој годишно заработуваше милијарди долари, беше убиен во 1993 година на покривот на зградата во истиот град, на возраст од 44 години.

Зградата Монако беше дел од туристичките рути на тема – животот на Ескобар, многу популарни во тој град.

Колумбискиот претседател Иван Дуке уништувањето на зградата го нарече победа на „културата на легалност“.

– Денеска, зградата падна и надежта се издигна. Невозможно е да се смени минатото, но можеме да изградиме подобра сегашност и подобра иднина, рече тој во изјава за колумбиските медиуми.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски