Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Од:

Претседателот на колумбискиот второлигаш Тигрес Едгар Паес Кортес е убиен во ноќта меѓу саботата и неделата, откако го напуштил стадионот „Течо“ каде неговиот тим беше поразен од Атлетико (3:2).

Според информациите со кои располагаат медиумите во Колумбија, двајца маскирани напаѓачи го убиле претседателот Тигрес откако со мотор му се приближиле на неговиот автомобил, а потоа отвориле оган иако виделе дека во возилото со него е и неговата ќерка. Таа минала без повреди и безбедно го напушти возилото.

Засега како мотив за убиството на претседателот на второлигашкиот клуб се издвојува само резултатот од натпреварот одигран во саботата вечерта. По одиграните 13 натпревари во втората лига на Колумбија, тимот на Тигрес има само девет освоени бодови и го зазема последното место на табелата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос на Маракана – масовна тепачка на трибините во Бразил

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

Голем ден за швајцарскиот фудбал, Џака станува рекордер

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Исчезнатиот 18 годишен шпански фудбалер пронајден мртов