Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

Од:

Колумбискиот инфлуенсер Џеферсон Косио (29) платил 175.000 долари за да „порасне“ од 172 сантиметри на 182. Пред четири месеци тој имал операција за издолжување на екстремитетите. Операцијата вклучувала кршење на нозете, вградување метални прачки и истегнување.

И додека шипките полека ги раздвојувале неговите коски за да ги истегнат, болката станала толку интензивна што чувствувал дека ќе се онесвести. Вели дека спие само околу два часа навечер, бидејќи болката постојано му го прекинува сонот.

„Многу сум нервозен, сакам ова да заврши, но не е можно. Обично спијам четири до шест часа, но во последните 11 или 12 дена спиев само околу два часа, најмногу. И постојано се прекинува на секои 15 до 20 минути поради болки во нозете. Пробав и апчиња за спиење, но не ми помагаат. Болката ме буди и се чувствувам уништено“, вели Косио, кој има 11,1 милиони следбеници на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yef (@yefersoncossio)

 

„Можеби ќе дојде до точка кога моето тело не може повеќе да издржи и нема да можам повеќе да се справувам со болката“, додава тој.

Козио рече дека платил помеѓу 200 и 700 милиони колумбиски пезоси за лекувањето, што е околу 50.000 до 175.000 долари, во Богота, главниот град на земјата. Операцијата вклучувала кршење на коските и потоа вметнување магнетни шипки и игли на секој крај.

Уредите му стојат во нозете четири месеци, а со помош на далечински управувач ги издолжуваат за еден милиметар.

Ќе ги отстрани на операција на 25 јануари, а потоа ќе започне со рехабилитација каде повторно ќе научи да оди и да трча.

На неодамнешните видеа, тој најчесто е прикажан во инвалидска количка, во која треба да остане додека коските на нозете му се издолжуваат. Лекарите исто така препорачуваат пациентите да следат здрава исхрана и да земаат додатоци на калциум за да им помогнат на коските да заздрават побрзо.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски

ВИДЕО: Инфлуенсер запали ферари од 370.000 евра