Во борбите во Сирија загинаа 42 лица

Од:

Најмалку 42 лица погинаа во жестоките борби меѓу исламистичките бунтовници и екстремистите од Исламска држава во сириската  провинција Дамаск.

-Во ридестиот регион Каламун погинаа најмалку 30 бунтовници и 12 борци на ИД, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон, а пренесуваат француските медиуми.

Каламун е поделен така што западниот дел, што граничи со Либан, е под мнозинска контрола на сириската Влада и нејзините сојузници од либанското шиитско движење Хезболах, додека во источниот дел се водат борби меѓу бунтовниците и ИД.

Источниот дел има стратешко значење бидејќи излегува на сириската степа. Овој простор го користат бунтовниците за пренесување оружје од турската граница на север и од јорданската граница на југ.

Според Центарот, ИД веќе пресече еден од овие патишта.

Во меѓувреме, вчеравечер погинаа 13 цивили, од кои деветмина се деца, а инцидентот се случи во северозападната провинција Идлиб, пренесува Б92. 

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град