Во Астана почна нов круг преговори за решавање на конфликтот во Сирија

Од:

Во главниот град на Казахстан, Астана денеска почна третиот круг од преговорите за Сирија.

Вооружената опозиција ги бојкотира преговорите. Претходните два круга од преговорите, кои се водат под покровителство на Русија и Иран, сојузници на режимот во Дамаск и Турција, поддржувач на опозицијата, не донесоа некои конкретно решение, освен кревкото примирје, кое постојано е нарушувано, пренесува БТА.

Раководителот на делегацијата на сириската Влада, Башар ал Џафари ја осуди одлуката на бујнтовниците да ги бојкотираат преговорите.

– Напредок може да биде постигнат и покрај нивното отсуство, истакна тој, упатијќи критика поради непостојаноста на нивните политички позиции.

Џафари истакна дека учесниците во преговорите во Астана ќе разговараат за „разграничувањето на опозицијата од терористите“, барање, кое режимот во Дамаск повеќе пати го упатил до бунтовниците.

Портпаролот на опозицијата Усама абу Зејд го оправда бојкотот поради „неисполнување на ветувањата за прекин на воените дејствија“.

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура изрази очекување дека во Астана ќе бидат разгледани борбите со тероризмот и размената на заробеници и затвореници.

Де Мистура ги повика сириската Влада и опозицијата на петтиот круг од преговорите под покровителство на ОН во Женева, кој ќе почне на 23 март.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски