Безбедносните сили на Алжир запленија над осум тони канабис во пристанишниот град Оран, при што се уапсени шест нарко-дилери, соопшти синоќа алжирската полицијата.
Според полицијата, дрогата во Алжир била внесена од соседно Мароко.
Дилерската мрежа е разбиена по двомесечна истрага, соопшти полицискиот службеник Салах Нуасри.
Освен канабис, во акцијата се запленети и седум возила и 15 мобилни телефони.