Свестка здравствена организација соопшти дека од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус во 38 африкански држави заразени се над 6.000 здравствени работнии.
Стотици лекари се заразени со Ковид-19 во новото жариште во Јужна Афика, кои ги опфаќа Јоханесбург и Преторија, а ширум земјата инфицирани се над 2.000 медицински лица.
Во Нигерија со новиот коронавирус заразени се речиси илјада здравствени работници.
Гвинеја Бисао, Сиера Леоне, Нигер, Мозамник и Бурунди пријавија дека со новиот коронавирус инфицирани се повеќе од 10 проценти од здравствените работници.