Повеќе од 20.000 слонови се убиени во Африка во минатата година. Запленетото количество на бивни во Африка првпат е поголемо од во Азија, се посочува во документот на секратаријатот на Меѓународната конвенција за трговија со загрозените видови од дивата фауна и флора (ЦИТЕС).
ЦИТЕС наведува дека преземените екозаштитни мерки не успеале значително да го намалат убивањето на слоновите во Африка.
– Африканските слонови се непосредно загрозени од исчезнување поради побарувачката на бивни, изјави генералниот секретар на ЦИТЕС, Џон Скенлон, додавајќи оти нелегалните убиства го надминуваат природнио пораст на популацијата на слонови.
Во 2013 година најголемо количество на запленети бивни имало во Кенија, во Танзанија и во Уганда.