Влошена здравствената состојба на Нелсон Мандела

Од:

Здравствената положба на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела е влошена во последните 48 часови, потврди портпаролот на канцеларијата на актуелниот претседател Џејкоб Зума.

По консултацијата со лекарите кои го лекуваат Мандела, претседателот Зума одлучи да го откаже превиденото патување во соседен Мозамбик, за да учествува на регионалниот самит во Мапуто.

Мандела кој идниот месец ќе наполни 95 години, од 8 јуни се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата во Преторија, каде се лекува од теско воспалување на белите дробови. По првичната криза, лекарите потврдија дека состојбата на Мандела е подобрена, иако таа сите изминати денови се оценува како „критична но стабилна“.

Во текот на минатиот викенд дојде до нагло влошување, кое во последните два дена уште повеке се влошила.

Пред зградата на болницата во Преторија, постојано има стотици Јужноафриканци кои се молат за здравјето на Мадиба, како што се нарекува Мандела во својот клан, но многумина од нив сметаат дека треба да мусе дозволи тој мирно да умре.

Во локалните цркви се изведуваат молитвите се за мирно заминување на Мандела, а весниците во Јоханесбург веќе пишуваат за „последната битка“ на човекот кој го урна апартхејдот во Јужна Африка.Тој во 1990 година беше пуштен од затворот на островот Робен, каде помина 27 години.

Во 1993 година ја доби Нобеловата награда за мир, а во следната 1994 беше избран за првиот црнечки претседател на Јужноафриканската република.

Пет години подоцна се повлече од функцијата, препуштајќи им ја помладите од себе, а во 2004 година се повлече од јавниот живот. Последен пат се појави во јавноста во 2010 година, на отворањето на Светското фудбалско првенство. Мандела долги години страда од проблемите со белите дробови.

Во осумдесетите години на 20 век, тој беше лекуван од туберколоза, додека ја издржуваше казната доживотен затвор, на островот Робен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија