Влегоа во сила построгите правила за барање азил во Унгарија

Од:

Во Унгарија денеска влегоа во сила построгите правила за барање азил, што Владата ги воведе уште минатиот месец со цел да го запре дотокот на мигранти, пренесе ДПА.

Новите правила предвидуваат рокот за обработка на барањата за азил да се намали на 15 дена, што го забрзува протерувањето на луѓето чие барање за останување во земјата е отфрлено.

Според организациите за заштита на правата на луѓето, овие мерки ќе го нарушат правото на многу луѓе кои бараат азил.

Од почетокот на годината во Унгарија пристигнале околу 100.000 мигранти, главно од Сирија. Повеќето од нив оваа земја ја користат како влезна врата за Западна Европа.

Унгарската Влада, исто така, почна да гради 175-километарска ограда на границата со Србија, за да ги запре мигрантите од Азија, Африка и Балканот.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон