Властите во САД тврдат дека „Фајзер“ има проблеми со производството на вакцината, компанијата негира

Од:

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ денеска ја информира јавноста дека нема никакви тешкотии во производството на вакцината против Ковид-19, само еден ден откако американските власти соопштија дека компанијата се соочува со проблеми.

„Фајзер“ соопшти дека е уверена во својата способност годинава да испорача 50 милиони дози од вакцината на глобално ниво и до 1,3 милијарди следната година.

„Ниту една испорака на вакцини не е запрена или одложена. Оваа недела успешно доставивме 2,9 милиони дози што ги побара американската Влада на локациите назначени од неа”, се наведува во соопштението на „Фајзер“.

Американската Влада потпиша договор со фармацевтскиот гигант за испорака на 100 милиони дози, кои почна да се дистрибуираат низ земјата по експресното одобрување на вакцината минатата недела.

Американскиот секретар за здравство, Алекс Азар, вчера изјави дека компанијата има проблеми со производството на вакцината.

-Ќе им обезбедиме целосна поддршка преку било кој механизам за да можат да произведуваат вакцини за Американците, рече Азар.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски