Визирите забранети во Австрија, не се доволни за заштита од коронавирусот

Од:

Во Австрија од денеска е забрането носење на заштитни визири, што е дел од новите мерки за заштита од ширењето на коронавирусот, кои стапија на сила.

Официјалните лица процениле дека маските кои добро се прилепуваат на лицето се единствената соодветна мерка за заштита во сите затворени простории, додека другите заштити за лицето и носот не се доволни.

„Механичките средства за заштита, како што се визирите или мини-визирите, се покажаа несоодветни во спречувањето ширење на Ковид-19 и мора да бидат забранети“, се вели во соопштението на австриските власти.

Луѓето што не можат да носат маски од здравствени причини ќе бидат изземени од ова правило.

Причината за забрана на визирите и мини-визирите што стојат на брадата и ја покриваат устата и повеќе или помалку носот и кои најчесто ги носат вработените во ресторани и продавници, се студиите што наведуваат дека овој вид покривка не е доволен за да се спречи ширењето аеросоли во споредба со класичните маски, кои добро се прилепуваат за устата и носот.

Американска студија објавена во септември покажа дека од сите маски, визирите обезбедуваат најмала заштита од коронавирусот.

Германскиот Институт „Роберт Кох“ исто така издаде соопштение во кое се наведува дека употребата на визири не може да биде алтернатива за покривање на устата и носот бидејќи постојните студии покажуваат дека визирите не ги апсорбираат излачените респираторни капки.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче