Висок претставник на бунтовниците: Примирјето во Сирија нема да потрае

Од:

Примирјето во Сирија нема да трае долго, предупреди денеска висок претставник на бунтовниците во Алепо.

Примирјето е резултат од договорт меѓу Русија, која обезбедува воздушна поддршка за силите на сирискиот претседател Башал Ал Асад, и САД, кои поддржуваат неколку бунтовнички групи.

По стапувањето во сила на договорот, борбите ослабнаа и поради тоа вчера Вашингтон и Москва решија да го продолжат примирјето.

Бунтовниците велат дека неволно го прифатиле првичното продолжение на примирјето, кое според нив, ги става во нееднаква позиција, бидејќи тоа може да ја олесни тешката хуманитарна ситуација во реоните кои се под нивна контрола. вклучително и источнииот дел на Алепо.

– Примирјето, како што предупредивме и му кажавме на Стејт департментот на САД нема да успее, изјави претставникот на бунтовниците.

– Не е возможно една земја која се бори против еден народ, да се обидува да постигне примирје и не е возможно да го поддржи тој договор, додека бомбардира деноноќно, додека другата земја, Америка игра улога на гледач, истакна тој.

Москва ги обвини бунтовниците за кршење на примирјето и изјави дека Вашингтон треба да направи повеќе за да ги натера да ги почитуваат условите.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за забавување на хуманитарната помош за Алепо, а ОН ја обвини Владата во Дамаска дека ја попречува дистирбуцијата на помошта, бидејќи не сака да ги потпише документите за пристап до местото.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, соопшти дека ноќеска воени авиони нанеле удари врз реоните кои се под контрола на бунтовниците, Марат ан Нуман, Хан Шејхун во Идлиб, Тејр Мала северно од Хомс и Суха на исток од Хама.

Судири меѓу армијата и бунтовниците или напади имало во текот на ноќта и во предградието на Дамаск, Источна Гута, во Санаисил и Џауалик северно од Хомс, во Ал Еје и Рамуса јужно од Алепо и во Ибта во провинцијата Дара.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град