Виктор Орбан реизбран за унгарски премиер

Од:

Унгарскиот Парламент денеска го реизбра Виктор Орбан за премиер на Унгарија, откако неговата партија Фидес извојува убедлива победа на парламентарните избори минатиот месец, освојувајќи две третини од пратеничките мандати.

„За“ изборот на Орбан гласаа 130 пратеници од Фидес и нејзиниот коалициски партнер Христијанско демократската народна партија, а „против“ се изјаснија 57 претставници на опозицијата.

По изборот, Орбан положи заклетва и најави дека ќе продолжи со политиката што ја спроведуваше и во претходните четири години.

За време на Владата на Орбан, Унгарија забележа значаен економски раст, но во исто време се соочува и со постојани критики за непочитување на демократските стандарди.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон