Виена: И Британците ги прислушуваат Австријците

Од:

Во време кога Австрија поднесе пријава против непознати лица, поради вестите дека германската разузнавачка служба за Американците наводно ги шпионирала австриските институции, откриена е нова станица за прислушување, овој пат на зградата на британската Амбасада во Виена.

Според извештајот на австриската државна телевизија ОРФ, на зградата на бритранската Амбасада во Третиот виенски округ постои сомнителна конструкција на поткровјето, пренесува Танјуг.

Наводно таму се наоѓаат антени, како уреди за прием, така и уреди за испраќање фреквенции од мобилна телефонија со цел шпионирање на австриската мрежа на мобилната телефонија.

Оваа конструкција постои повеќе години, на што укажуваат надворешните траги.

Покривната конструкција на британската Амбасада потсетува на друга веќе позната станица за прислушување, како што е таа на зградата на Амбасадата на САД и на таа на ИЗД Тауер, спроти виенското седиште на Обединетите нации.

Според ОРФ доколку овие станици за прислушување се меѓусебно поврзани, тоа би овозможило директно надгледување на сообраќајот во мобилната мрежа на Австрија.

Во Австрија веќе со денови е покрената бурна дискусија во врска со шпионажата, откако германските медиуми објавија дека БНД за американската служба НСА ги шпионирал австриските институции, меѓу останатите и полицијата.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски