ВИДЕО: Зеленски ги повика лидерите на Г20 да го вратат мирот и да стават крај на руската војна

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на Г20 да станат „ко-креатор на мирот“ и да стават крај на „агресивната“ војна на Русија.

– Убеден сум дека сега е моментот кога руската деструктивна војна мора и може да се запре, рече Зеленски во видео обраќање на самитот на Г20 на Бали.

– Секој ден одложување значи нови загинати Украинци, нови закани за светот и лудо зголемување на загубите поради продолжување на руската агресија – загуби за сите во светот, нагласи тој.

Украинскиот лидер рече дека мирот е „глобална вредност“ која е важна за секој човек во светот, и ги повика лидерите да преземат акција за да обезбедат нуклеарна безбедност, безбедност на храната и енергијата, да го обноват меѓународното право и да и помогнат на Украина да ја прекине војната.

– И ако Русија се спротивстави на нашата формула за мир, ќе видите дека таа сака само војна. рече Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски ја продолжува „војната“ со Фицо

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година