Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Од:

Руското МНР објави дека не исклучува контакти со американски претставници во наредните денови, што е прва официјална реакција на Москва по денешните американско-украински разговори во Саудиска Арабија.

Во текот на преговорите беше договорено Украина да се согласи на едномесечен прекин на огнот, а сега се чека дали Русија ќе го прифати.

Оваа изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа недела, нагласувајќи дека се надева на целосен прекин на огнот во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

ВИДЕО: Зетот на Трамп бара нов безбедносен договор на преговорите за Украина

ВИДЕО: Преговори меѓу Украина, Русија и САД во Емирати